ПОТВРДЕНИ ОСТАВКИТЕ НА ТАРАВАРИ, БЕЏЕТИ И ИСМАИЛИ Алијанса се дели, Вреди бара стабилност во Владата

Вреди ја официјализираше новата пратеничка група, која сега брои девет пратеници. Координаторот Беким Ќоку очекува дека наскоро ќе им се приклучи и Салим Сулејмани, кој се повлече од партиските функции на крилото на Таравари, но остана пратеник.

463

Министерот за здравство Арбен Таравари и двајцата заменик-министри од редовите на Алијанса за Албанците – Фљакрон Беџети и Елфете Исмаили – поднесоа оставки, кои денеска беа констатирани на седница на Собранието. Ниту Таравари, ниту неговите партиски колеги беа присутни за да дадат објаснување за повлекувањето од функциите.

Истовремено, од партијата Вреди порачуваат дека овие оставки се однесуваат само на неколкумина индивидуалци и дека најголемиот дел од кадрите остануваат на своите позиции. Лидерот Билал Касами порача дека се прават консултации со премиерот за новите имиња на министри и заменик-министри, особено за здравство, кое го оцени како клучно ресорно министерство.






– Само оние кои соработуваат на некој начин со ДУИ не се добредојдени. Останатите кои сакаат да бидат дел од Алијансата за Албанците и од Вреди – се добредојдени – истакна Касами.

Во меѓувреме, Вреди ја официјализираше новата пратеничка група, која сега брои девет пратеници. Координаторот Беким Ќоку очекува дека наскоро ќе им се приклучи и Салим Сулејмани, кој се повлече од партиските функции на крилото на Таравари, но остана пратеник. Ќоку упати апел и до другите пратеници кои се идентификуваат со поранешниот министер за здравство, да се приклучат назад во групата.

Од друга страна, вицепремиерот Арбен Фетаи, кој важеше за близок до Таравари, останува во Владата. Во синоќешно интервју посочи дека Алијансата за Албанците и понатаму е дел од извршната власт, со оглед на тоа што, како што рече, од вкупно 50 функционери именувани од таа партија, само тројца поднеле оставки.

Поврзани содржини