ПОТВРДЕНА Е БРОЈКАТА НА ЗАГИНАТИ ВО БОИНГОТ Нема преживеани во трагедијата која го потресе светот
Тим од американски истражители кои ќе патуваат во Индија за да му помогнат на Бирото за истрага на несреќи со авиони во истрагата за несреќата.
Сите 242 лица во авионот на „Ер Индија“ загинаа, објави локалниот весник „Индијан експрес“, повикувајќи се на полицијата, јавува Ројтерс. Повеќе светски лидери, меѓу кои и британскиот крал Чарлс и франускиот претседател Емануел Макрон изразија сочувство за стравичната трагедија.
Тим од американски истражители кои ќе патуваат во Индија за да му помогнат на Бирото за истрага на несреќи со авиони во истрагата за несреќата.
Полицискиот комесар на Ахмедабад, Гјанендра Сингх Малик, изјави за Асошиејтед Прес дека „некои локални жители исто така би загинале“ во несреќата во четвртокот, 12 јуни.
Видео од инцидентот што кружи на интернет го прикажува авионот на „Ер Индија“, кој превезувал повеќе од 240 луѓе, како лета над станбена област пред да се сруши, создавајќи она што изгледа како огромна огнена топка проследена со големи облаци од црн чад.
Сликите од последиците од несреќата покажаа делови од авионот затрупани во станбена зграда додека пожарникарите продолжуваа да се справуваат со чадот. Парчиња од слетувачкиот систем, трупот и опашката на авионот можеа да се видат како штрчат од зградата.