ПОТВРДЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА ЗАГИНАТИТЕ СО МОТОР ВО СКОПЈЕ Животот го загубија полковникот Ивановски и Ана Нешовска од МО
Тешка сообраќајна несреќа се случи во петокот попладне на крстосницата меѓу булеварите 8 Септември и Никола Карев во Скопје, откако мотоцикл со скопски регистарски таблички излета од коловозот и удри во бетонски столб.
Поранешниот командант на специјалната единица „Волци“, полковник Стефан Ивановски, и раководителката на военото разузнавање при Министерството за одбрана, Ана Нешовска, трагично ги загубија животите во сообраќајна несреќа што се случи кај Момин Поток, во близина на касарната „Илинден“.
Информацијата ја сподели поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, преку социјалните мрежи.
„Стефан Ивановски го запознав како скромен, но исклучително способен офицер, посветен командант на армиските Волци, кој живееше за државата, Армијата и неговото семејство. Го гледав како еден од идните столбови на Генералштабот“, напиша Петровска, додавајќи:
„Ана Нешовска, работлива, кротка, но полна со енергија и желба да го промени светот, за неа не постоеше ништо невозможно. Ја гледав како првата жена раководител на военото разузнавање“.
Петровска изрази длабока тага поради трагичната загуба, нагласувајќи дека Министерството и Армијата изгубиле две извонредни личности.
„Нема зборови на утеха, има само зборови за сочувство во оваа огромна тага. Почивајте во мир“, стои во нејзината објава.
МОТОЦИКЛ УДРИ ВО БЕТОНСКИ СТОЛБ, ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА Страшна сообраќајка однесе два живота во Скопје