Потрошила 120.000 долари на тетоважи и операции, а дури и три недели била слепа

Од сѐ тоа, „белата синоока девојка на змејот“, како што самата се нарекува, издвоила вкупно 50.000 долари за речиси 600 тетоважи.

439

Амбер Лук, синокоса љубителка на модификации на телото, потрошила 120.000 американски долари на тетоважи, пирсинг и пластични операции.

Од сѐ тоа, „белата синоока девојка на змејот“, како што самата се нарекува, издвоила вкупно 50.000 долари за речиси 600 тетоважи. Меѓу другото, таа си вбризгала и сино мастило во очите, поради што била слепа три недели.






Инстаграм-ѕвездата неодамна објави слика од себе кога штотуку станала полнолетна, пред 10-на години… Била русокоса и со ниту една тетоважа. Фотографијата собра илјадници допаѓања, но таа тогаш, како обична девојка, не била воопшто задоволна со својот изглед.

– Бев манијакално депресивна, со самоубиствени нагони. Со еден збор – жив мртовец. Се мразев себеси поголем дел од времето, а таа омраза беше длабока и ме измачуваше. Сега, кога целосно се трансформирав во некој со когошто сум горда, јас сум силна жена која знае која е и што сака!, рече таа во една прилика.

Девојката потрошила и 70.000 долари за сечење на јазикот, зголемување на градите, ботокс во образите и усните, вметнување надградби во ушите и тн. „бразилско подигнување“ на задникот. Не жали за промените што ги направила последниве десет години.

– Не се плашам како ќе изгледам кога ќе остарам. И онака јасно ми е дека никој не изгледа којзнае колку добро на 70 години, вели Амбер.

Поврзани содржини