🎥 ПОТРЕСЕН ИНСЕРТ ОД ДОКУМЕНТАРЕЦОТ ЗА СЕЛИН ДИОН Пејачката неконтролирано се тресе, сцената тешка за гледање

Трогателен инсерт од документарецот „I Am: Celine Dion“ кој се појави на Тик-Ток, покажува како изгледа здравствената состојба на пејачката, однос, синдромот на замрзната личност од кој таа страда веќе неколку години

124

Селин Дион е една од најпознатите меѓународни пејачки. Таа има испеано многу популарни песни, вклучувајќи ја и романтичната песна од филмот „Титаник“ – „My Heart Will Go On“.

Пејачката страда од синдром на замрзната личност, а во нејзиниот документарец „I Am: Celine Dion“ публиката имаше можност да ја види нејзината здравствена состојба.






Документарецот беше објавен во 2024 година, но сега на интернет повторно се појави издвоена сцена од него во која се гледа Селин како неконтролирано се тресе.

Еден обожавател го објави видеото на Твитер и напиша: „Неконтролираните грчеви на Селин Дион се снимени со камера во филмот „I Am: Celine Dion“ – плачење, грчеви, чиста вознемиреност од синдром на замрзната личност. Таа инсистираше да ја сподели оваа сурова вистина. Дали некогаш треба да се објави такво интимно видео? Тешко е да се гледа, но ги отвора очите.“

Друг корисник на X напиша: „Селин Дион се тресе неконтролирано пред камера – ова е тешко за гледање. На документарните снимки, Селин Дион е прикажана како лежи, плаче, со лицето и усните кои видливо ѝ треперат додека нејзиното тело неконтролирано се грчи .“

Поврзани содржини