ПОТРЕБНА НИ Е ЕВРОПСКА ВОЈСКА Италијанскиот министер Тајани смета дека со спојување на армиите на членките ЕУ ќе биде моќна велесила
Во свет со моќни играчи како САД, Кина, Индија, Русија - со кризи од Блискиот Исток до Индо-Пацификот - италијанските, германските, француските или словенечките граѓани можат да бидат заштитени само со нешто што веќе постои, имено Европската унија, вели министерот Тајани.
Европската унија треба да формира своја армија која би можела да игра улога во одржувањето мир и спречување конфликти, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.
Во интервју за италијанскиот весник Ла Стампа, Тајани рече дека поблиската европска соработка во одбраната е приоритет за партијата Форца Италија што тој ја предводи.
– Ако сакаме да бидеме мировници во светот, потребна ни е европска војска. И ова е основен предуслов за да можеме да имаме ефикасна европска надворешна политика – рече тој во интервјуто објавено денеска.
– Во свет со моќни играчи како САД, Кина, Индија, Русија – со кризи од Блискиот Исток до Индо-Пацификот – италијанските, германските, француските или словенечките граѓани можат да бидат заштитени само со нешто што веќе постои, имено Европската унија – додаде тој.
Тајани искажа став дека 27-члената ЕУ треба да го рационализира своето лидерство и да има единствено претседателство, наместо сегашната структура на претседател на Европскиот совет и претседател на Европската комисија.