ПОТРАГА СО ЧАМЦИ ПО 16-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО ВАРДАР Од реката извлечена 26-годишна жена

Денеска, во 16.42 часот, на бројот за итни повици беше примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско. Пријавата била поднесена од сестрата на 16-годишното девојче, информира ЦУК.

1,104

Полицијата со чамци во реката Вардар интензивно трага по 16-годишно девојче. Таа, заедно со 26-годишна жена некако се нашла во реката, во близина на селото Уланци, по што нејзината сестра повикала помош на 112, информира Центарот за управување со кризи.

Жената е пронајдена жива.






„Денеска, во 16.42 часот, на бројот за итни повици беше примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско. Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот, сестра на 16-годишното девојче, која, во видно вознемирена состојба, побарала итна помош. Набргу потоа се јавил и доктор од Итната помош од Велес, кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода“, соопшти ЦУК.

По приемот на пријавата, се додава, Центарот за управување со кризи веднаш ги извести надлежните институции – СИКС при МВР, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување – со барање за итно ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.

„Според последните информации од терен, на локацијата е присутна екипа на МВР со чамец, а 26-годишната жена е пронајдена жива. Потрагата по 16-годишното девојче продолжува“, информира ЦУК.

Поврзани содржини