ПОТРАГА ШТО ЗАВРШИ СО ТРАГЕДИЈА Овчар исчезна, утрото пронајден мртов кај Врапчиште

Откако семејството пријавило дека исчезнал, овчар од село Форино бил пронајден мртов во атарот на Врапчиште по неколкучасовна потрага на полицијата и пожарникарите.

0

Потрагата по 63-годишен овчар од гостиварското село Форино заврши трагично, откако неговото тело било пронајдено утринава во атарот на село Врапчиште.

Случајот бил пријавен синоќа околу 21:35 часот во ОВР Гостивар, кога семејството пријавило дека мажот се оддалечил од домот и не се вратил. Тој работел како овчар на бачило во тој реон.






Веднаш по пријавата започнала потрага на терен, во која биле вклучени полициски службеници и екипа од Територијалната противпожарна единица Гостивар.

По неколкучасовно пребарување, утрово околу 06:00 часот, мажот бил пронајден без знаци на живот во близина на пат кој го градат приватни фирми во атарот на Врапчиште.

Лекар на лице место ја констатирал смртта, а увид извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар. Телото е дадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Поврзани содржини