ПОТПИШИ СО ИЗРАЕЛ И ИЗБРКАЈ ГИ ТЕРОРИСТИТЕ ОД СИРИЈА Што му кажа Трамп на Ал Шара?

Претседателот на Сирија, Ахмед ал-Шара, изразил благодарност до претседателот на САД, Доналд Трамп, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за нивната улога во организирањето на средбата. Тој ја истакнал важноста на новата геополитичка шанса што се отвора со повлекувањето на иранското присуство од Сирија и подвлекол дека постојат заеднички интереси меѓу САД и Сирија во борбата против тероризмот и во елиминацијата на хемиското оружје.

365

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го охрабри претседателот Ахмед ал-Шара да направи одлична работа за сирискиот народ и го повика да го потпише Абрахамскиот договор со Израел, да им нареди на сите странски терористи да ја напуштат Сирија, да депортира палестински терористи, да им помогне на САД да го спречат повторното појавување на ИСИС и да ја преземе одговорноста за центрите за притвор на ИСИС во североисточна Сирија, соопшти портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит.

Трамп, на покана на саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман, денеска се сретна со претседателот на Сирија, Ахмед ал-Шара. На средбата телефонски се приклучил и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.






Трамп им се заблагодарил на Ердоган и на Бин Салман за нивното пријателство и му рекол на Ал Шара дека има огромна можност да направи нешто историско во својата земја.

Ал Шара им се заблагодарил на Трамп, на Бин Салман и на Ердоган за нивните напори да ја организираат средбата „и ја препозна значајната можност што ја нуди заминувањето на Иранците од Сирија, како и споделените американско-сириски интереси во борбата против тероризмот и елиминирањето на хемиското оружје“, напиша Ливит на социјалната платформа Икс.

Ердоган го поздравил Трамп за укинувањето на санкциите против Сирија и се обврзал да работи заедно со Саудиска Арабија за да поттикне мир и просперитет во Сирија.

Според Ливит, и саудискиот престолонаследник ја поздравил одлуката на Трамп за укинување на санкциите, нарекувајќи ја „храбра“.

Ал-Шара ја потврдил својата посветеност на договорот за раздвојување со Израел од 1974 година. Тој изразил надеж дека Сирија ќе служи како критична врска во олеснувањето на трговијата меѓу Истокот и Западот и ги покани американските компании да инвестираат во сириската нафта и гас.

Се разговарало и за руско-украинската војна и војната во Газа.

ТРАМП СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СИРИЈА, ЕРДОГАН АПЛАУДИРА Се затоплуваат односите меѓу Дамаск и Вашингтон

Поврзани содржини