ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА 828 ОПШТИНСКИ ПРОЕКТИ Владата влева милијарди во развој на општините

По една година на ново владеење, Македонија го надминува хаосот, влегува во економски и институционален раст и се подготвува за најголемата борба иднината што следи.

206

Одбележувајќи една година од доаѓањето на власт, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одржа силен говор во Гевгелија, испраќајќи пораки за обновата на државата, економскиот раст, но и за политичките предизвици и обиди за уривање на националниот идентитет.

– Народот ни ја довери честа и одговорноста да ја водиме Македонија. Не ни ја даде само власта, туку ни ја предаде надежта, очекувањата, разочарувањата од претходно. Државата беше понижена, но не изгубена. И промената започна – истакна Мицкоски пред граѓаните.






Во својот говор, тој се осврна на состојбата во која, според него, била затекната државата – со разорени институции, продлабочена сиромаштија и економски колапс.

– Македонија беше киднапирана од картели, корупција и партиски врски. Законот беше алат за одмазда, а народот – заложник – рече Мицкоски.

Посочи дека првата година ја посветиле на поставување на „нови темели“.

– Повторно ја вративме функцијата на државата да штити, да служи, да создава – рече премиерот.

Мицкоски ја нагласи економската стабилизација и растот како клучен показател за успешноста на неговата влада.

– Минатата година беше рекордна по приливот на странски директни инвестиции – 1,255 милијарди евра. Тоа не се само статистички бројки, туку живи показатели дека економијата се движи напред – нагласи тој.

Најави и проект кој, според него, ќе ја одбележи новата енергетска ера во земјава: ветерен парк со 55 ветерници во источниот дел на Македонија, инвестиција вредна половина милијарда долари.

Во делот на инфраструктурата, Мицкоски најави највисоко ниво на изградба од осамостојувањето досега: изградба на четири автопати истовремено, пуштени експресни патишта, реконструирани железници, нови авиолинии, како и почеток на набавка на 120 електрични автобуси.

– За само една година реализиравме или отпочнавме над 250 проекти. Тоа не се бројки на хартија – тоа се мостови, патишта, градинки, болници – рече премиерот.

Во политичкиот дел од говорот, Мицкоски остро ги нападна своите политички опоненти, обвинувајќи ги за предавства и обиди за разнебитување на македонскиот идентитет.

– Јасно е зошто лажат и клеветат – затоа што не можат да нè победат на избори, па сакаат со лаги. Но ВМРО-ДПМНЕ не можат да го скршат, па сакаат да го избришат. Тоа нема да им успее – порача тој.

– Македонија не е за продавање. Историјата ги памети исправените, не поткупените – додаде.

Во контекст на европската интеграција, рече дека ќе се продолжи по тој пат, но не по цена на откажување од националниот идентитет: „Нема попуштања и нема чекор назад. Веќе нема простор за играње со чувствата на Македонците“.

Говорот го заврши со повик на обединетост и надеж: „Оваа борба не е борба за избори. Оваа борба е борба за Македонија. За достоинството. За надежта. Дојде времето – времето на Македонија. Времето на промените. Времето за тебе. И никој, ама никој, нема да го запре“.

Поврзани содржини