ПОТОП ВО ЉУБЉАНА Поплавени над 500 згради, под вода градинки, училишта, театар (ВИДЕО)
Според изјавата на метеорологот Рок Носан, на некои места за кратко време наврнало повеќе дожд отколку што врне за два месеци.
Силното невреме кое синоќа ја зафатило Словенија поплави повеќе од 500 згради само во Љубљана, пишува 24 ур. Дежурните служби примиле повеќе од 2.700 повици од граѓани помеѓу 20 часот и полноќ.
Улиците се поплавени, како и подземните гаражи. Многу возила се уништени, луѓе заглавиле поплавени од водата.
Na ljubljanski zelezniski postaji voda odnasala beton. pic.twitter.com/o96ZWtPO7Z
— Svet (@Svet_KanalA) September 29, 2021
Проблем е дека многу дожд наврнал во краток период. Во Љубљана наврнале 88 литри на метар квадратен, што според пресметките се случува еднаш во 250 години.
Според изјавата на метеорологот Рок Носан, на некои места за кратко време наврнало повеќе дожд отколку што врне за два месеци.
Tako močan naliv, da meteorna voda pokrove kanalov meče iz ležišč…😯😯 pic.twitter.com/EnqbTyiJHI
— Simpson (@simon_kuzma) September 29, 2021
Во Љубљана поплавени се згради, училишта, градинки, складишта …
Под вода се и многу паркиралишта, особено подземните. Покрај обилниот дожд, дувал и силен ветер кој уривал дрвја на улиците.
Според информациите, засега нема повредени.
Голема поплава имало и во театарот во Љубљана.
Јермеј Пристов, портпарол на театарот изјавил дека за време на претстава вода почнала да паѓа од покривот.
-Покривот е стар, водата паѓаше на сцената и зад неа како поток – вели тој.
Претставата е прекината, луѓето се евакуирани. Струјата е исклучена и во моментов не е можно да се процени штетата, вели тој.