ПОТФАТОТ НА МЕЛАНИЈА ТРАМП Е ЗА ПОФАЛБА Прв јавен ангажман на поранешната прва дама (ФОТО)

Дигиталната антиквитет на поранешната американска прва дама чини околу 150 долари, а во продажба е од 16 до 31 декември 2021 година.

1,291

Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп објавила дека продава НФТ’ „Melania’s Vision“, што е нејзин прв ангажман откако ја напушти должноста на прва дама пред речиси една година.

Меланија сега откри со што се занимава.






НФТ „Melania’s Vision“ е првиот дигитален антиквитет што се продава на нејзината нова платформа, која беше покрената на американската социјална мрежа Parler и има значителна корисничка база на поддржувачи на нејзиниот сопруг Доналд Трамп.

„Горда сум што можам да го најавам мојот нов потфат NFT, кој ја опфаќа мојата страст за уметностаи, а ја поддржува и мојата континуирана посветеност на децата преку мојата иницијатива Be Best. Преку оваа нова платформа заснована на технологија, на децата ќе им обезбедиме ИТ (информатички) вештини, вклучително програмирање и развој на софтвер, за да можат да напредуваат кога ќе пораснат и да ги напуштат згрижувачките семејства“, рекла Меланија во соопштението.

„Дел од приходот ќе им помогне на децата кои растат во згрижувачки семејства, преку економско зајакнување и проширен пристап до ресурсите потребни за постигнување успех во подрачјата на компјутерската наука и технологија“, се наведува во соопштението од кабинетот на г-ѓа Трамп.

НФТ „Melania’s Vision“ е всушност слика од нејзините очи.

Првиот NFT што Меланија го продава се нејзините очи во акварел на уметникот Марк Антоан Коулон, која доаѓа и со аудиоснимка од нејзината порака со надеж, се наведува во соопштението.

Дигиталната антиквитет на поранешната американска прва дама чини околу 150 долари, а во продажба е од 16 до 31 декември 2021 година.

Поранешната прва дама се повлече од очите на јавноста откако таа и нејзиниот сопруг Доналд Трамп ја напуштија Белата куќа во јануари 2021 година, па додека нејзиниот сопруг ја одмерува својата политичка иднина, таа се држи подалеку од центарот на вниманието и ретко се појавува во јавноста.

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини