ПОТЕНЦИЈАЛНА ИТАЛИЈАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ТИРЗ ШТИП Ќе проектира и гради армирано-бетонски базени

L'Isola-Blu дизајнира и гради армирано-бетонски базени со решенија од 360°, применувајќи го традиционалниот армиран ПВЦ премаз или материјали како мозаици, плочки или природен камен.

6,724

Италијанската компанија специјализирана за дизајн, производство и инсталација на базени „Изола блу базени“ (L’Isola Blu Piscine) има намера да инвестира во земјава, соопшти Дирекцијата на ТИРЗ.

Сопственикот на компанијата Фабио Каросо заедно со  заменик шефот на амбасадата на Италија во земјава Марио Де Роза денеска се сретнаа со директорот на Дирекцијата Гоце Димовски на која како локација за инвестирање била посочена ТИРЗ Штип.






Димовски ги потенцираше бројните поволности кои ги нудат зоните, како и стратешката локација на ТИРЗ Штип, квалификуваната работна сила и поддршката што се обезбедува од страна на Дирекцијата во соработка со Владата за сите инвестиции со висока додадена вредност.

Каросо од своја страна изрази посебно задоволство за средбата со очекување за успешна реализација на потенцијатната инвестиција во ТИРЗ Штип.

Тој истакна дека клучен фактор за одлуката за потенцјална инвестиција, е поволната бизнис-клима и поддршка за странските инвеститори што ја нуди Македонија, претставувајќи атрактивна дестинација за инвестирање.

Претставниците на италијанската амбасада и регионалниот совет на Пиемонт ја поздравија можноста за соработка и истакнаа дека Македонија станува сѐ попривлечна дестинација за италијанските компании.

L’Isola-Blu дизајнира и гради армирано-бетонски базени со решенија од 360°, применувајќи го традиционалниот армиран ПВЦ премаз или материјали како мозаици, плочки или природен камен.

Компанијата е формирана во 1978 година и влезе на европскиот пазар со првите базени од фиберглас.

Поврзани содржини