ПОТЕГ СО КОЈ СТАНА ЛЕГЕНДА Вилијан му прости на Арсенал 24 милиони евра
Тој од бразилскиот гигант замина во Шахтјор во 2007 година, а шест години подоцна се пресели во Челзи, за кој одигра 339 натпревари на кои постигна 63 гола и 62 асистенции.
Бразилецот Вилијан направи нешто незамисливо во врвниот фудбал. Тој го раскина двегодишниот договор со Арсенал на негова штета на половина со простување на клубот за преостанатите плати.
Бразилската легенда на Премиерлига на тој начин се откажа од 23,9 милиони евра, бидејќи добива 280.000 евра неделно во Арсенал.
Англиските фудбалски фанови се воодушевени од неговиот потег па поради тоа пишуваат на социјалните мрежи пишуваат: „Вилијан одамна е легенда на Челзи и Премиер лигата, но со ова стана и великан на Арсенал, иако мина само една сезона во тој клуб“.
Вилијан се откажа од оваа сума за на крајот на својата кариера (33 години) да се врати во својот матичен клуб Коринтијанс.
Тој од бразилскиот гигант замина во Шахтјор во 2007 година, а шест години подоцна се пресели во Челзи, за кој одигра 339 натпревари на кои постигна 63 гола и 62 асистенции.
По седум години поминати на Стемфорд Бриџ се пресели во друг лондонски клуб. За Арсенал одигра 37 натпревари, постигна еден гол, асистираше за седум и му прости на клубот 24 милиони евра.