ПОСВЕТЕН ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Компанијата КАМ е број 1 малопродажен синџир во земјава

KAM соработува со повеќе од 160 домашни производители, а на македонскиот пазар во 2024 година пласирала домашни производи во вредност од над 113 милиони евра. Речиси 3 милиони евра е извозот што во 2024 година го реализирале македонските производители преку продажната мрежа на KAM на пазарите во Бугарија и во Косово.

324

КАМ – македонскиот број 1 малопродажен синџир, продолжува да го поддржува развојот на македонската економија преку соработка со голем број домашни производители и пласман на нивните производи на домашниот пазар како и во регионот.

KAM соработува со повеќе од 160 домашни производители, а на македонскиот пазар во 2024 година пласирала домашни производи во вредност од над 113 милиони евра. Речиси 3 милиони евра е извозот што во 2024 година го реализирале македонските производители преку продажната мрежа на KAM на пазарите во Бугарија и во Косово.






– Поддршката на домашното производство е клучен двигател на економскиот развој. Горди сме што соработуваме со голем број македонски производители, нудејќи им стабилен пласман и фер услови за раст. Оваа соработка не само што овозможува свежи и квалитетни производи на нашите рафтови, туку и директно придонесува за отворање на нови работни места и зајакнување на локалните економии низ целата држава. Како компанија, остануваме посветени на создавање вредност дома – за производителите, за потрошувачите и за заедницата во целина – велат од КАМ.

Исто така, според податоците од „Бизнис Мрежа“, компанијата и во 2024 година го задржува приматот на најголем работодавец помеѓу трговските синџири со повеќе од 1400 вработени и е прогласена за вработувач кој обезбедува највисока просечна плата помеѓу конкурентите во категоријата.

Во моментов, компанијата функционира со 85 маркети во Македонија и 26 маркети во Бугарија. Во Македонија, КАМ минатата година остварил приход од над 298 милиони евра и профит од речиси 7 милиони евра. Вложувањето во модернизација на продажната мрежа и поддршката на локалната заедница се само дел од стратегијата на компанијата да остане сигурен и одговорен партнер на македонскиот пазар.

Поврзани содржини