ПОСТИГНАТ Е ИСТОРИСКИ ДОГОВОР СО ЗДРАВСТВЕНИТЕ СИНДИКАТИ Од овој месец 10% повисока плата за здравствените работници и ново покачување од 5% во март

Од овој месец, од ноември практично, здравствените работници добиваат 10% повисока плата и нови пет проценти заклучно со мартовската плата која што ќе биде исплатена во 2026 година, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

167

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање на тема здравство, во однос на тоа дека е постигнат  договор со синдикатите и од кога ќе започне официјално да важи или да тече исплатата на повисоки плати за докторите и другиот медицински кадар, изјави:

– Да, еден од низата на историски договори што во овие пет месеци ги постигневме е и тој со Синдикатот, односно со здравствените синдикати, бидејќи беа повеќе таму на број. Од овој месец, од ноември практично, здравствените работници добиваат 10% повисока плата и нови пет проценти заклучно со мартовската плата која што ќе биде исплатена во 2026 година. И во зависност од состојбата во Буџетот, продуктивноста и така натаму, во еден циклус од четири години можеме да дојдеме до 50% повисока парична маса којашто ќе биде насочена кон докторите и медицинскиот персонал, да се разбереме и медицинскиот персонал болничарите, сестрите и така натаму. Така што, еден од тие би рекол историски договори е и тој.

Поврзани содржини