ПОСТЕПЕНАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ Е УСЛОВЕНА СО СТРОГИ ПРАВИЛА И СО МОЖНОСТ ЗА СУСПЕНЗИЈА Брисел не сака кандидатите да соработуваат со негови ривали и непријатели
Според планот на Комисијата, економските придобивки понудени на земјите кандидати ќе зависат од нивната поддршка за надворешно-политичките цели на ЕУ, при што пристапот до единствениот пазар ќе зависи од тоа тие да не споделуваат клучни технологии со непријателски држави и трговски ривали.
„Тоа време треба целосно стратешки да се искористи за да се подготви Унијата за поголемо членство и да се продлабочи постепената интеграција во области од заеднички интерес. Онаму каде што овие обврски не се исполнети, учеството мора да остане реверзибилно (променливо). Пристапот треба да биде суспендиран или повлечен таму каде што е оправдано“, предупредува предлогот.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Фон дер Лајен ќе има средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.