Постарите од 67 години и помладите од 18 од утре надвор да се движат како и другите, решија Уставните судии

Уставните судии и утре ќе имаат седница , а на дневен ред се 26 точки, меѓу нив се уредби за утврдените задачи на АРМ во вонредна состојба, уредбата за законските рокови во судските постапки, како и уредбата за задолжителна самоизолација при тестирање од коронавирус.

750

Уставните судии денеска одлучија да поведат постапка за категоризацијата на полицискиот час – забраната за движење на помладите од 18 години и за возрасните над 67 години. Судиите, со мнозинство гласови, решиле дека има сомнеж за неуставност на оваа одлука на Владата, да овие групи смеат да се движат само во одредени временски интервали и времено ја запреа одлуката за посебен режим за движење на овие категории граѓани.

Како што брифираат од Уставниот суд за дел од медиумите, не е спорен полицискиот час, туку ограничувањата според возрасна категорија. Тоа значи дека со поведувањето постапка од Уставниот суд, има времена забрана за владината уредба за ограничено движење на младите и највозрасните. Па така од Уставен посочуваат дека и за оние под 18 и за оние над 67 години ќе важи полицискиот час како и за сите останати граѓани или во моменталното ограничување од 19 часот навечер до 5 наутро.

Уставните судии и утре ќе имаат седница , а на дневен ред се 26 точки, меѓу нив се уредби за утврдените задачи на АРМ во вонредна состојба, уредбата за законските рокови во судските постапки, како и уредбата за задолжителна самоизолација при тестирање од коронавирус.

Поврзани содржини