ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА ЖЕНАТА ШТО ЈА УБИ БОЛДВИН „Ова не беше добро, не беше воопшто добро“

„Што по ѓаволите штотуку се случи? Некој нека повика брза помош!“, извикал Болдвин. Тогаш член на филмскиот сет ја погледнал Хачинс во очи и ѝ рекол: „О, ова не беше добро“. „Не, не беше добро. Воопшто не беше добро“, возвратила повредената снимателка која почина неколку часа подоцна.

2,674

„Ова не беше добро. Ова воопшто не беше добро“.

Вакви биле последните зборови на Халина Хачинс, режисерката на филмот „’Рѓа“ која загина од истрелот на пиштолот на глумецот Алек Болдвин, во трагична несреќа и недоразбирање, пишува Јутарни. Зборовите биле откриени откако биле интервјуирани 14 членови на филмскиот сет, а биле испитувани и мејлови. Веста за последните зборови прв ја објави Лос Анџелес Тајмс.






Според весникот, Болдвин се подготвувал за местото на пукањето во црквата кога се случила трагедијата.

– Па претпоставувам дека треба да го земам ова, да го повлечам и „бенг“ – рекол актерот, кој бил убеден дека држи пиштол со лажни куршуми, кои биле наменети за филмскиот сет. Наместо тоа, тој испука вистински куршум и ја погоди Хачинс.

фото: твитер/принтскрин

Смртно ранетата Хачинс паднала во рацете на главниот електричар на сетот додека крвта течела од нејзините гради на местото каде што била погодена. Во меѓувреме, на земја паднал и режисерот Џоел Соуза, кој беше ранет од куршум.

– Што беше тоа по ѓаволите? Ова гори како пекол – извикал Соуза откако бил погоден.

Болдвин го фрлил пиштолот и во шок повторил:

– Што по ѓаволите штотуку се случи? Некој нека повика брза помош!

Член на филмскиот сет ја погледна Хачинс во очи и рече:

– О, ова не беше добро.

– Не, не беше добро. Воопшто не беше добро – возвратила повредената снимателка која почина неколку часа подоцна.

Поврзани содржини