ПОСЛЕДНИОТ ЗИМСКИ ДЕН ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВ Температурата ќе достигне до 21 степен
Денеска во 22.24 часот почнува пролетта на Северната хемисфера.
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата ќе достигне до 21 степен.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Температурата ќе достигне до 19 степени.
Денеска во 22.24 часот почнува пролетта на Северната хемисфера.Оваа година пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 33 минути, односно до 21 јуни 2022 година во 16.57 часот, кога ќе започне летото.
Во исто време, денеска на Јужната земјина полутопка почнува есента.