ПОСЛЕДНИОТ ЧИН ОД ДРАМАТА НА 20-ГОДИШНАТА СРПСКА ЈУТЈУБЕРКА Популарната Кика си го одзеде животот (ВИДЕО)

Кристина Кика Ѓукиќ (20) станала популарна преку интернет-драмите, па затоа се смета дека одлуката да си го одземе животот ја донела откако веќе не можела да го издржи притисокот од јавноста.

10,824

Популарната српска јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ се самоубила синоќа во изнајмен стан во центарот на Белград, јавија српските медиуми.

Иако ништо поконкретно не се соопштува за мотивите на 20-годишната девојка да си го одземе животот, медиумите потсетуваат дека популарната Кика долго време водела борба со притисокот од јавноста и со насилството на социјалните мрежи.






Ова е едно од нејзините познати видеа:

@kikax3Reply to @ponosan_srbin_3 Zato radite šta hoćete u životu, ljudi će kenjati svakako šta god uradili, bitno je da ste VI srećni.♬ original sound – Kristina Đukić

Тажната вест за смртта на Кика ја објави нејзината мајка Наташа Ѓукиќ.

– Со огромна болка ве известувам дека мојата ќерка Кика вчера почина. За датумот ќе ве известам – напиша нејзината мајка, скршена од болка.

Кика стана популарна преку интернет-драмите, па затоа се смета дека одлуката да си го одземе животот ја донела откако веќе не можела да го издржи притисокот од јавноста.

Поттикната од овој шокантен чин, се огласи и позната Јелена Карлеуша:

– Поради тоа што слушнав дека девојчето си го одзело животот поради сајбер насилство имам да го изјавам следново: На сите ни се крвави рацете, како општество сме за ова виновни! Тоа што сум јас јака и навикната со години да ме навредуваат и малтретираат јавно, не значи дека е нешто на што некој треба да се навикне и не значи дека е нормално тоа да ви се случува. Не е нормално да ве навредуваат илјадници малоумници без име и фотографија. Како друштво станавме еден куп психопати кои ги забавува кога некој друг пати и се нервира. Решението е секој оној кој јавно ќе навредува друг преку социјалните мрежи да се осуди на казна затвор. Така ќе размислат што прават – напиша Карлеуша.

Погледнете го ова виде за популарната српска инфлуенсерка:

Поврзани содржини