ПОСЛЕДНАТА ПОНУДА ОД ТРАМП ЗА ЗЕЛЕНСКИ Е ДОЛГА ЕДНА СТРАНИЧКА Кој ќе се откаже од територии во мировните преговори?
Според написот на Аксиос, документот ѝ ветува на Украина враќање на мал дел од областа на Харков, помош при обнова на земјата и потенцијални безбедносни гаранции од ад-хок група на европски и неевропски земји без детали за тоа како би била изведена операцијата. Во групата земји не се споменати САД.
Вашингтон му ја претстави на Киев, како што рече американскиот претседател Доналд Трамп, „конечната понуда“ за ставање крај на украинскиот конфликт, според извештајот на Аксиос. Понудата долга една страница наводно содржи остапки од Украина за полуостровот Крим и четири региони.
Документот споменува и дека Русија ќе добие ветување дека Украина нема да стане членка на НАТО, укинување на санкциите за Русија и економско партнерство меѓу САД и Русија особено во енергетиката со референци за договорот за минерали меѓу Украина и САД за кој Трамп рече дека очекува да биде потпишан оваа недела.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека не е запознаен со предлогот за наводни територијални отстапки за кои требаше да се разговара на рундата преговори со претставници на САД, Украина, Франција и на Велика Британија.
Преговорите кои требаше да ги предводи шефот на британската дипломатија Дејвид Лами беа откажани и ќе се водат зад затворени врати, соопшти британското МНР. Претходната ваква средба се одржа во Париз, каде што, според Аксиос, ѝ бил предаден документот на украинската страна.
Зеленски изјави дека Украина е подготвена за директни преговори со Русија, но само откако ќе стапи во сила прекин на огнот.
„Њујорк Тајмс“ напиша дека Украина не е спремна законски да ја прифати руската окупација на четирите региони.
Според написот на Аксиос, документот ѝ ветува на Украина враќање на мал дел од областа на Харков, помош при обнова на земјата и потенцијални безбедносни гаранции од ад-хок група на европски и неевропски земји без детали за тоа како би била изведена операцијата. Во групата земји не се споменати САД.
Според „Фајненшл тајмс“ понудата на Путин да се паузира окупацијата на линијата на фронтот каков што е сега и понудата за директни разговори со Киев дошла по предавањето на документот.
Кремљ ја повика јавноста да не донесува предвремени заклучоци и да се потпира на официјални извори кои се запознаени со деталите од преговорите меѓу САД и Русија.
„Волстрит журнал“ објави дека Весникот дека САД ја разгледуваат идејата за создавање неутрална зона околу нуклеарната централа Запорожје и комисија која ќе го надгледува примирјето.
„Фајненшл тајмс“ објави дека Русија би можела да се откаже од некои свои територијални амбиции во Украина ако САД го признаат рускиот суверенитет врз Крим.
Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс изјави дека САД очекуваат и Киев и Москва да направат некои територијални отстапки и дека можно е да се повлече линија на фронтот каков што изгледа во моментот.
– Време е вие (и двете страни) или да кажете „да“, или САД да го напуштат овој процес – нагласи Венс надоврзувајќи се на изјавата на американскиот претседател минатата недела дека се спремни да ги напуштат преговорите ако наскоро нема договор.
Белата куќа потврди дека специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Виткоф, ќе ја посети Москва оваа недела, што ќе биде негова четврта посета откако Трамп ги обнови дипломатските контакти со Русија во февруари.