📷 ПОСЛЕДНАТА ОБЈАВА НА МИШЕЛ ТРАХТЕНБЕРГ НА ИНСТАГРАМ ГИ РАСТАЖИ ОБОЖАВАТЕЛИТЕ Актерката неодамна имала трансплантација на црниот дроб
Холивудската актерка Мишел Трахтенберг е пронајдена мртва во својот стан во Њујорк во средата наутро, дознава „Хафингтон пост“ од извори блиски до истрагата.
Холивудската актерка Мишел Трахтенберг е пронајдена мртва во својот стан во Њујорк во средата наутро, дознава „Хафингтон пост“ од извори блиски до истрагата. Таа имаше 39 години. Точно две недели пред нејзината смрт, на 12 февруари, Трахтенберг сподели селфи на Инстаграм, снимено на отворено. На фотографијата таа носи син џемпер со слика на тигар, ланче со приврзок, а на главата има очила за сонце.
„Окото на тигарот“, напишала таа во натписот на објавата која сега ги растажи нејзините фанови и следбеници. Таа исто така растажи многумина со својата најнова објава на Инстаграм, во која напиша: „Сакав да изгледам како непослушна Ѕвончица“.
View this post on Instagram
Иако причината за смртта сè уште не е позната, полицијата не се сомнева во кривично дело. Извори блиски до „Хафингтон пост“ открија дека актерката неодамна била подложена на трансплантација на црниот дроб.
Во месеците пред нејзината смрт, ѕвездата на „Бафи, убиецот на вампири“ и „Озборувачка“ предизвика загриженост кај обожавателите поради својот изглед. Многумина забележаа дека многу ослабела, косата и се истенчила, а белките од очите попримиле жолтеникава боја.
Во јануари 2024 година, Трахтенберг ги отфрли критиките за неа, одговарајќи на коментарите: „Објаснете ми како тоа изгледам болно… Дали го изгубивте календарот и не сфаќате дека веќе немам 14 години? Имам 38 години. Колку е тажно што оставате такви коментари“.
Таа подоцна додаде: „Во последно време добивам многу коментари за мојот изглед. Никогаш не сум направила пластична операција, среќна сум и здрава. Погледнете се во огледало, мразители”.