Последен ден за купување со домашната платежна картичка
Од банките велат дека повеќе од 90 проценти платежни картички се подигнати.
Денеска е последниот ден во кој граѓаните можат да ги искористат домашните платежни картички за „Купувај домашно“. Од 16 август како што информираат од банките средствата не може да се користат и неискористеното се должни да го вратат во државниот буџет.
Можноста со платежни картички ја имаа преку 324.000 корисници во четири категории: социјално загрозените, вработените со низок доход, младите лица и здравствените работници ангажирани за справување со пандемијата.
Картичките беа дистрибуирани преку 9 банки.
Од банките велат дека повеќе од 90 отсто платежни картички се подигнати. Останаа неколку проценти за кои не се знае од кои причини граѓаните не ги зеле.