ПОСЛЕ ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА ОЧЕКУВАМЕ 300.000 НОЌЕВАЊА Мицкоски задоволен од порастот на бројот на туристи
Знам што сработивме изминатите 6 месеци и надвор од туристичката сезона во нашите главни туристички центри повторно ќе имаме гости кои што ќе бидат во бројка од неколку десетици илјади, кои што ќе генерираат неколку стотици илјади преноќувања, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Ние во првите 6 месеци имаме некаде околу 13,5 проценти раст во туризмот, споредено со претходните 6 месеци во минатата година, а во делот на странски туристи скоро 20 проценти раст, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
– Знам што сработивме изминатите 6 месеци, за после оваа туристичка сезона која ќе заврши, надвор од туристичката сезона во нашите главни туристички центри повторно ќе имаме гости кои што ќе бидат во бројка од неколку десетици илјади, кои што ќе генерираат неколку стотици илјади преноќувања. Зборувам за бројка од 40, 50, 60 илјади гости кои ќе бидат надвор од сезоната и зборувам за бројка од 150, 200, 300 илјади преноќувања, нешто кое што сме го немале во минатото – рече Мицкоски.
Тој истакна дека со организиран пристап и со посветеност се постигнуваат резултати во делот на туризмот.
– Мораме сега да се справуваме и со ова што се случува околу Охрид, Охридското Езеро и УНЕСКО. Добивме одреден период да ги отстраниме недостатоците, она што зависи од нас. Ние веќе формиравме тим кој ќе почне сериозно да се занимава со оваа проблематика. Тоа што како Влада можеме да го правиме, тоа го правиме – рече Мицкоски.