ПОСЛЕ 50 ГОДИНИ ЧЕКАЊЕ Крива Паланка конечно доби нов плоштад
Ова говори за одговорноста и оправданоста на сите коишто се заложија за овој историски проект за Крива Паланка. Ова е само еден од многуте проекти, што ги реализиравме и се гордост за градот, за жителите, проекти кои се значајни заради унапредување на културниот развој и социјалниот живот, изјави Николовски.
Нов, модерен и европски плоштад со мал, но значаен амфитеатар доби Крива Паланка за 800.000 евра по 50 години чекање, јавува МИА. Новиот бекатон, асфалт, делови со старата автентична коцка, зачуваната стара градска фонтана и целосната замена на цевките и каблите под земјата беа дел од проектот на Владата наречен „Крива Паланка-Источна порта кон Европа (Фестивалска туристичка дестинација)“.
Плоштадот беше отворен од градоначалникот Борјанчо Мицевски, вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Љупчо Николовски-заменик претседателот на Владата за корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси.
– Овој плоштад му дава европски лик на градот и ќе биде место каде што не само жителите на Крива Паланка, туку и домашните и странските посетители ќе имаат можност да го посетат и да уживаат. Ова говори за одговорноста и оправданоста на сите коишто се заложија за овој историски проект за Крива Паланка. Ова е само еден од многуте проекти, што ги реализиравме и се гордост за градот, за жителите, проекти кои се значајни заради унапредување на културниот развој и социјалниот живот – изјави Николовски.