ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА Новата цена на дизелот е 87, а на обичниот бензин 90,5 денари

Масло за горење „екстра лесно“ ќе има цена од  86 денари додека килограм мазут ќе чини 48,268  денари.

532

Цените на годирвата од полноќ се зголемуваат во просек за 0,99%, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на „еуросупер-95“ од полноќ се зголемува за 50 дени и ќе чини 90,50 денари за литар, на „еуросупер-98“ не се менува  и тој ќе чини 92,50 денари. Дизелот поскапува за 1 денари и ќе чини 87 денари за литар.






За 1 денар поскапува и масло за горење „екстра лесно“ и ќе се продава по цена од 86 денари литар, додека килограм мазут ќе чини 48,268  денари.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,225%, кај дизелот за 1,906 проценти, кај екстра лесното масло за 1,619% и кај мазутот зголемувањето е за 1,445%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,042 отсто – велат од РКЕ.

Поврзани содржини