ПОСКАПЕ ТАКСИТО Скопјани ќе се возат по 3 тарифни модели

Советот за сообраќај на Град Скопје изготви три тарифни модели по кои таксистите требаше да ги наплаќаат услугите за граѓаните на главниот град.

750

Такси превозот во Скопје поскапе, одлучи Советот на Град Скопје денеска.

Пред градските советници повторно се најде Предлогот за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје поради зголемувањето на цената на горивата.

Советот за сообраќај на Град Скопје изготви три тарифни модели по кои таксистите требаше да ги наплаќаат услугите за граѓаните на главниот град.






Цената по која до сега возеа таксистите од 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар да биде прва тарифа и ќе важи кога цената на горивото е до 75 денари за литар. Втората тарифа која ќе се применува сега е кога горивото е од 75,50 денари до 119,50 денари и тогаш стартот е 50 денари, а секој изминат километар 30 денари. Третата најскапа тарифа предвидува старт од 60 денари, а за секој километар да се наплатува 35 денари кога цената на горивото ќе биде над 120 денари.

Трите тарифи се усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на такси превозници. На претходната седница советниците не се согласија со одлуката за поскапување на такси-превозот. Во моментот таксистите во Скопје возат по цени кои се на сила веќе 11 години.

Поврзани содржини