Поскапа струја за народот, 2.000 евра плата за Бислимоски, ВМРО-ДПМНЕ вечерва со уште еден протест
Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека партијата бара разрешување или оставка на членовите на Регулаторната комисија за енергетика.
Бараме враќање на старата цена на струјата и разрешување или оставка на Марко Бислимоски и целата Регулаторна комисија за енергетика, рече од пред зградата на Регулатрната комисија за енергетика Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, во вториот протест на партијата против зголемувањето на цената на струјата. Тој пред да говори закачи налепница на вратата на Регулагторната комисија на која пишува „Поскапа струја за народот, 2.000 евра плата за Бислимоски“.
-. Ако не ги разреши Зоран Заев, тогаш Регулаторната комисија за енергетика и Марко Бислимоски да дадат оставка – рече Ѓорчев.
Тој посочи дека членовите на Регулаторната комисија за енергетика треба да дадат оставка бидејќи се челнови или симпатизери на СДСМ, а дел од нив се сликааат на собири на СДСМ.
Тој додаде дека е нелогично граѓаните да плаќаат повисока цена за струјата, а челновите на Регулаторната комисија да земаат високи плати.
– Бислимовски зема плата од 2.000 евра, а граѓаните во услови на криза треба да плаќаат повисоки сметки за струја – додаде Ѓорчев.
Протестот на кој е еден од низата и втор за зголемувањето на цената на струјата вечерва се одвиваше со колона возила која тргна од пред Спортскиот центар „Јене Сандански“ до Регулаторната комисија за енергетика.