ПОСЕТИТЕЛКАТА НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА НЕМА ПТИЧЈИ ГРИП Стигна резултатот од тестирањето

Досега нема пријавено друго лице за тестирање за птичји грип. Само тие што беа двајцата вработени и жената што дојде по нејзино убедување и ја тестиравме, вели директортката на Институтот за јавно здравје додавајќи дека штом вработените се негативни нема простор за паника кај граѓаните.

77

Негативен е резултатот на жената посетител на Скопската зоолошка градина тестирана за птичји грип, потврди попладнево за МИА, доктор Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје(ИЈЗ). Жената била родена 1958 година. Таа прво отишла во Инфективната клиника од каде што ја препратиле во ИЈЗ.

– Досега нема пријавено друго лице за тестирање за птичји грип. Само тие што беа двајцата вработени и жената што дојде по нејзино убедување и ја тестиравме. Штом вработените се негативни, не сметаме дека има било каков ризик за посетителите, бидејќи навистина треба да има многу близок контакт за нешто да се случи – нагласи Андоновска за МИА.






Вчера од Институтот за јавно здравје рекоа дека резултатите од двајца вработени во Скопската зоолошка градина што беа тестирани за птичји грип се негативни.

Директорката Андоновска за МИА вели дека нема простор за паника кај граѓаните. Штом вработените кои секојдневно биле во контакт со животните во Зоолошката се негативни на тест за птичји грип, многу мали се шансите некој од посетителите да го има вирусот.

 

Поврзани содржини