На социјалната мрежа „ Тик Ток” објавено е видео кое не згрози сите, а во кое гледаме вознемирување и изживување врз лавицата Бела, информира на Фејсбук Зоолошка Градина.
„Во Скопје Зоо доаѓаат прекрасни посетители, нашите вработени се постојано на терен, но некогаш и една минута е доволна за некој несовесен да го направи ова, прекачен преку заштитните огради во делот кој е забранет за посета. Снимателот и лицето од видеото ќе бидат пријавени во полиција, а Зоо Скопје отсега ќе има и дополнително обезбедување. Нема да дозволиме никој да ја загрози благосостојбата на животните! Лицата ќе одговараат за ова дело“ се вели во објавата на Зоо на Фејсбук.