ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ЗА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Еве кои улици ќе бидат затворени во Скопје
За сообраќај ќе биде затворена улицата Самоилова на потегот од улица Иљо Војвода (Виадукт-Самоилова) до крстосницата со улицата Прохор Пчински, соопшти полицијата.
Неколку улици во Скопје утре ќе бидат под посебен режим поради чествувањето на 4 февруари, ден на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
„СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.02.2025 (вторник) од 06.00 часот поради најавен настан за организирано чествување на раѓањето на Гоце Делчев, што ќе се одржи во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот, односно за сообраќај ќе биде затворена ул.Самоилова на потегот од ул.Иљо Војвода (Виадукт-Самоилова) до крстосница со ул.Прохор Пчински“.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.