ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ДЕНЕСКА И УТРЕ Доаѓа финската премиерка

МВР апелира сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници.

117

Поради официјална посета на премиерката на Република Финска, Сана Марин денеска и утре во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, информира Министерството за внатрешни работи.

„Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје“, соопшти  МВР.






Оттаму  апелираат сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници.

Поврзани содржини