РАСКОЛ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА СДСМ Костадинов објави дека ќе делува интерпартиски

Градоначалникот на Струмица го замрзна членството и најави ново политичко движење по изборите.

3,961

Костадин Костадинов, актуелен градоначалник на Струмица, објави дека ќе започне ново интерпартиско делување, алудирајќи на поширока политичка платформа која ќе го надмине досегашното рамките на СДСМ.

Во својата објава на Фејсбук, поранешниот пратеник и портпарол на СДСМ посочи дека е свесен за состојбата во која се наоѓа неговата партија и ѝ посака успех – во барем една општина.






„Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам – за жал нема како… До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина“, вели Костадинов.

Со ова тој практично го потврди замрзнувањето на своето членство во СДСМ, но и ги отвори вратите кон ново движење, кое, како што најавува, ќе биде платформа со обединувачка стратегија за авторитетни личности и млади кои, според него, веќе не се пронаоѓаат во сегашната структура на СДСМ.

„Во следните месеци ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори. Целосно прецизна стратегија, доволно мотивирачка за да обедини авторитети што му недостигаат на СДСМ, тешки за да бидат непривлечни за политичките авантуристи и доволно забавни за да се пронајдат младите“, објасни Костадинов.

Тој најави дека конечната одлука за неговото идно политичко позиционирање ќе ја соопшти во две фази – првата во септември, а финалната по локалните избори.

Поврзани содржини