Португалскиот претседател спаси жени кои се потопија во море (ВИДЕО)

Претседател на Португалија е на одмор за да го промовира португалскиот туризам.

744

Претседателот на Португалија Марсело Ребело де Соуса учествуваше во спасување на две жени  чиј кајак се преврте во морето близу една плажа во покраината Алгарве.. На видеото што го снимиле новинарите кои во моментот на несреќата разговарале со португалскиот претседател се гледа како тој плива кон жените кои ги носат морските струи.

Откако им  помогна на жените тој изјави дека тие дошле до тука од друга плажа.






– Морските струи ги одвлекле, кајакот се превртел и тие повеќе не можеле да се качат на него –  рече тој

Претседателот на Португалија Марсело Ребело де Соуса е на одмор за да го промовира португалскиот туризам.

 

Поврзани содржини