ПОРТУГАЛИЈА Е ПОСЛЕДЕН ЧЕТВРТФИНАЛИСТ Со 6:1 ја совлада Швајцарија

213

Во последниот осминафинален натпревар на Светското првенство во фудбал Португалија вечерва во Лусаил убедливо ја совлада Швајцарија со 6-1 (2-0), предводена од тројниот стрелец Гонсало Рамос.

Португалија, во чиј почетен состав немаше место за Кристијано Роналдо, поведе преку Рамос во 17 минута, а до крајот на полувремето Пепе во 33 минута зголеми на 2-0.






Рамос (51, 67), Рафаел Гериро (55) и Леао (90+2) беа стрелци во португалскиот состав во вториот дел, додека почесниот гол за Швајцарија го постигна Мануел Аканџи (58).

Противник на Португалија во четвртфиналето ќе биде Мароко, кој претходно денеска на пенали ја елиминираше Шпанија.

Поврзани содржини