Портпаролот на Алијансата за Албанците е позитивен на ковид-19
За среќа, засега сме и двајцата во добра здравствена состојба, со благи симптоми, а јас скоро немам никакви симптоми, напиша Беџети на Фејсбук.
Портпаролот на Алијансата за Албанците, Флакрон Беџети, соопшти дека тој и неговата сопруга се позитивни на коронавирусот.
„Чувствувам морална обврска да ве известам дека мојата сопруга и јас сме позитивни на тестот за ковид-19. За среќа, засега сме и двајцата во добра здравствена состојба, со благи симптоми, а јас скоро немам никакви симптоми. И покрај грижата и заштитата, не знаеме кој е изворот на инфекцијата, затоа ве молиме следете ги заштитните мерки и во случај на ситни симптоми, консултирајте се со вашиот лекар. Ги направивме тестовите утрово, а резултатите ги добив пред неколку часа. Ја почитував препораката на инфектологот да се изолирам веднаш додека не ги добијам резултатите од тестот, од оваа причина дури и вчера не бев присутен на промотивната конвенција АА-AAA одржана во Тетово. Се надеваме дека ќе ја поминеме оваа битка што е можно побрзо“, напиша Беџети на Фејсбук.