Поршето 911 Type 964 Carrera 2 Cabrio од 1992 година на Марадона ќе биде на аукција во март. Автомобилот му е доставен на Марадона по преселбата од Италија во Севиља. Марадона не само што го порачал Поршето и го паркирал во гаражата, туку и го возел, па така во една ситуација е фатен дека вози 180 км на час низ град. Марадона кусо останал во Севиља и по една година ја напуштил Шоанија, а Поршето го продал во Мајорка.
Автомобилот потоа бил во сопственост на неколку колекционери од кои последниот поседува автомобили од 2016 година. Со 120.000 километри јасно е дека автомобилот е возен, но според аукциската куќа, состојбата му е повеќе од задоволителна. Иако е користен и е со релативно многу поминати километри, очекувањата се дека Поршето на славниот фудбалер ќе постигне вртоглава цифра од 240.000 долари на аукцијата. Сепак треба да се почека аукцијатаи за да се види за колку ќе биде продаден.