„ПОРШЕ“ ЈА ИЗВЛЕКУВА „ВАРТА“ ОД БАНКРОТ Автомобилскиот гигант вложува во одделот за батерии за автомобили
Со договорот постигнат по неколкудневни интензивни преговори, долгот на „Варта“ ќе биде намален од 485 на 200 милиони евра.
Производителот на спортски автомобили „Порше“ влегува во сопственичката структура на германскиот производител на батерии „Варта“ кој подолг период е во криза. Ова како што соопшти менаџментот на „Варта“ ќе значи остварување на планот за реструктуирање преку намалување на долгот на компанијата и влез на свеж капитал за работа.
Со договорот постигнат по неколкудневни интензивни преговори, долгот на „Варта“ ќе биде намален од 485 на 200 милиони евра.
Производителот на батерии за глобалната автомобилска индустрија и потрошувачкиот пазари работи на договор меѓу неговиот главен акционер Мајкл Тојнер, доверител, и Порше за намалување на долгот и обезбедување свеж капитал.
Според договорот главниот акционер во „Варта“ Мајкл Тојнер и „Порше“ ќе бидат нови сопственици на „Варта“ и заедно ќе обезбедат докапитализација од 60 милиони евра. Од компанијата најавуваат и влез на други инвеститори се со цел да се извлече од кризата.
-Ние сме во напредни разговори со други инвеститори кои би сакале да ни се придружат – изјави извршниот директор на „Варта“ Мајкл Остерман.
Помагајќи да се спаси компанијата германскиот производител на автомобили „Порше“ ќе обезбеди пристап до батерии со високи перформанси за хибридни и електрични спортски автомобили. Компанијата објави дека ќе преземе мнозински удел во бизнисот на Varta V4Drive Battery, учествувајќи во зголемување на капиталот преку инјектирање средства.
– Со планираното мнозинско преземање на V4Drive, ќе дадеме важен придонес за задржување на клучните технологии во Германија – изјави Лук Мешке, заменик-претседател на Извршниот одбор на Porsche AG.
Во јули, беше најавено радикално преструктуирање на „Варта“ која е пред банкрот, поради долгот што компанијата не можеше да го сервисира по скапите инвестиции.
Според планот за реструктуирање ќе настрадаат само малите акционери, бидејќи „Варта“ веќе нема да кортира на берза, а нема да има големо намалување на бројот на вработените бидејќи тие ќе бидат ангажирани на производството на батерии за фотоволтаични централи и производство на тркалезни батерии за слушалки на Apple.