ПОРОЕН ДОЖД И НЕВРЕМЕ Ќе истура и наредните денови
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, во среда со повремен локален дожд.
Денеска нè очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, во среда со повремен локален дожд.