Поранешната порно-актерка Зои Паркер, која беше номинирана за најдобра секс-сцена во 2017 година, е пронајдена мртва.
„Со тага ве известуваме дека Зои Паркер почина во сон на 12 септември околу 2 часот по полноќ. Имаше само 24 години“, пишува на веб-страницата GoFundMe каде е покрената кампања за собирање средства за покривање на трошоците за погребот.
Зои неодамна ја напушти порно индустријата, наведува „Дејли стар“.
„Се врати дома во Тексас за да биде близу до семејството и да започне нов живот. Почна да работи и неодамна ја најави својата свршувачка. Очигледно, за првпат во нејзиниот живот, изгледаше навистина среќна“, напишал организаторот на кампањата Џеј Кембел од Ведерфорд, Тексас.
Засега не е позната причината за смртта.
Паркер ја започнала својата кариера во филмската индустрија во 2014 година, а во 2016 година се преселила во Лос Анџелес за да се занимава со порнографија.
Последната објава Зои ја објави на 21 јули на својот профил на Твитер, каде имаше повеќе од 50.000 следбеници.
„Почивај во мир, ангеле“, е единствениот коментар на страницата GoFundMe.
FOTO: Instagram