ПОРАЗЕН Е И КАЗАХСТАН Македонските фудбалери се први во квалификациите за Мундијалот
Македонската фудбалска репрезентација славеше на гостувањето кај Казахстан со минимални 0:1 во квалификациите за пласман на СП.
Стрелец на единствениот гол беше Александар Трајковски во 33-та минута од мечот.
Нашата репрезентација ја следеше и среќата бидејќи селекцијата на Казахстан имаше неколку добри шанси, а по еднаш ја погоди гредата и стативата во вториот дел.
Македонија со 4 одиграни меча е на првото место на табелата со 8 бодови, следува Велс со 7 кој вечерва игра против Белгија, која пак одигра само еден натпревар оној во Скопје кој заврши 1:1.
Казахстан има 3 бодови, а Лихтенштајн е без бодови. Вреди да се напомене дека Македонија со 11 официјални меча не знае за пораз.