ПОРАЗ НА СТАРТОТ Ивановски елиминиран во првото коло на јуниорскиот Австралија опен
Изминатата ноќ Ивановски (10. носител) беше поразен од рускиот натпреварувач Јарослав Демин со резултат 2:0 во сетови 7:6 (3) и 7:5.
Македонската тениска надеж Калин Ивановски уште во првото коло загуби на главниот јуниорски турнир „Австралија опен“ во Мелбурн.
Изминатата ноќ Ивановски (10. носител) беше поразен од рускиот натпреварувач Јарослав Демин со резултат 2:0 во сетови 7:6 (3) и 7:5.
Следен противник на Демин ќе биде Жил Арно Бејли од Белгија кој со 2:0 беше подобар од Чарли Кемус („вајлд-кард“) со 7:6 (2) и 6:4.
Според најавите Ивановски ќе настапи и во двојки, негов партнер е Константин Женов.
Четвртите носители во 1/16 финалето ќе играат против Озан Колак (САД) и Ејдан Ким (САД).