📷 ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ НА МОНИКА БЕЛУЧИ СТАНА ТАТКО ПО ЧЕТВРТИ ПАТ Винсент Касел доби син со 30 години помлада манекенка

Францускиот актер Винсент Касел стана татко по четврти пат. Тој и неговата девојка, 28-годишната манекенка Нара Баптиста добија син.

557

Францускиот актер Винсент Касел стана татко по четврти пат. Касел (58) и неговата девојка, 28-годишната манекенка Нара Баптиста добија син.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VEENTZ (@vincentcassel)







Касел ова го објави на Инстаграм, а судејќи по фотографијата на момчето му го дадоа името Каетано, пренесува „Венити фер“.

„Погодете кој е роден на 7 јануари 2025 година. Тој е веќе паметен, полн со здравје, љубов и поезија. Најголемиот фраер досега“, напиша 58-годишниот актер во објавата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VEENTZ (@vincentcassel)


Двојката ја прослави својата прва годишнина пред еден месец.

Винсент се раздели од сопругата, 27-годишната манекенка Тина Кунаки, на почетокот на 2023 година, а со Нара се зближи откако се допишувале на Инстаграм и почнале да го поминуваат времето заедно во Рио.

Нара е родена во Бразил, а на 18-годишна возраст се преселила во Квинсленд, Австралија. Во 2020 година, таа беше финалистка на австралискиот натпревар за Мис Универзум. После тоа потпишала договор со модна агенција во Бризбејн, а потоа се преселила во Бразил.

Винсент Касел има две ќерки од првиот брак со колешката Моника Белучи, 14-годишната Леони и 20-годишната Дева Касел.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by N A R A H (@narahbaptista)

Поврзани содржини