ПОРАНЕШНИОТ НА МОНИКА БЕЛУЧИ Е ГОЛЕМ ЗАВОДНИК Францускиот шармер не ги трга рацете од 30 години помладата девојка
Винсен Касел, 57-годишен француски актер и голем шармер, и поранешен сопруг на италијанската дива Моника Белучи, судејќи според фотографиите, максимално ужива во врската со својата нова девојка Нара Баптиста.
Винсен Касел, 57-годишен француски актер и голем шармер, и поранешен сопруг на италијанската дива Моника Белучи, судејќи според фотографиите, максимално ужива во врската со својата нова девојка Нара Баптиста.
Парот слави една година врска, а нивниот однос очигледно изобилува со страст бидејќи токму такви се и фотографиите кои на Инстаграм ги споделила 30 години помладата девојка на Винсен.
View this post on Instagram
Во галеријата има неколку романтични и секси фотографии, на кои парот страсно се бакнува, сензуално танцува, се прегрнува и позира на плажа, готви…
„Ти си моето сонце“, напишал Касел во коментари под објавата.
Касел и 30 години помладата Нара првпат беа забележани заедно кон крајот на минатата година на плажа во Рио де Жанеиро, а се шпекулира дека врската ја започнале малку порано.
Французинот претходно беше во брак со манекенката Тина Кунаки, а се разведоа во април 2023 година, само неколку месеци пред да се дознае за неговата романса со Нара. Интересно е тоа што оваа Бразилка физички неодоливо наликува на Кунаки.
Касел и Тина во бракот ја добија и ќерката Амазонија, а од 14-годишниот брак со Моника Белучи има уште две ќерки – Дева и Леони.