Поранешната ѕвезда им се оддаде на пороците, тврдеше дека ѝ вградиле микрочип, сега седи на улица ФОТО

2,375

Актерката Аманда Бајнс (35) е поранешна детска ѕвезда која на 13 години имаше своја серија, но со славата не знаеше да се справи, па се оддаде на пороците кои ѝ го уништија животот.

Таа на светската сцена е од мали нозе, а во последните години главно ја шокира јавноста со своите настапи. Со години мака мачеше поради користењето на разни опијати, а неколкупати беше во клиника за одвикнување.






На едно од последните лекувања го запознала и својот сега веќе поранешен свршеник Пол Мајклс кој ѝ помогнал да остане на вистинскиот пат, но парот се разделил.

На Аманда проблемите ѝ започнале во 2012 година кога беше фатена како вози под влијание наркотични средства, а една година подоцна беше фатена како консумира марихуана во лоби од зграда во Њујорк во која што живеела, а стаклениот бонг им го фрлила на полицајците од 36-ти спрат. Истата година таа предизвика пожар на прагот од куќата кај луѓе кои што не ги познавала и тогаш ѝ бил одреден психијатриски надзор од 72 часа.

Пред неколку години својот татко го обвинила за сексуално злоставување, но тужбата набрзо ја повлекла. Како што рекла „микрочипот кој што ѝ е вграден во главата ја натерал да го каже сето тоа, но и дека татко ѝ е тој кој што ѝ го вградил чипот“.

Пред неколку години го обвинила татка си за сексуално злоставување, но тужбата брзо ја повлекла. Како што објаснила „микрочипот во нејзината глава ја натерал да го каже сето тоа, но и дека тој наредил да ѝ вградат микрочип“.

Планирала и големо враќање во Холивуд, но сфатила дека најдобро е да се врати на лекувањето. Токму враќањето пред камерите претставувало голема опасност за нејзиното ментално здравје затоа што била под голем стрес додека одела на аудициите.

Папараците многупати ја фотографирале Аманда како седи сама, неретко на улица, и пие кафе.

Признала дека медиумското внимание ѝ предизвикува стрес и дека повеќе не знаела како да се справува со таквите ситуации, па посегнала по наркотици и алкохол. Со години се обидувала да се излечи од зависноста, а тоа ѝ успеало на почетокот на минатата година.

Нејзе отсекогаш ја интересирала модата, а неодамна добила и диплома за моден дизајн.

Како што вели таа, самата го уништила тоа што го градела, па сега ѝ треба време да се смири со светот и со самата себе. Таа не ја исклучила можноста дека би се вратила во светот на актерството, но моментално сè уште е посветена на своето здравје и не сака да брза со одлуката за повторно да не тргне по погрешниот пат.

File:Amanda Bynes in vh1.jpg - Wikimedia Commons

File:Amanda Bynes at Heart Truth 2009.jpg

Поврзани содржини