🎥 ПОРАНЕШНАТА ЉУБОВНИЦА НА БЕКАМ ПОВТОРНО ПРОГОВОРИ „Не сум единствената со која ја изневеруваше Викторија“
Ребека Лус повторно проговори за нејзината наводна афера со славниот поранешен фудбалер Дејвид Бекам. Таа во „60 минути Австралија“ изјави дека отсекогаш ја зборувала вистината за наводната афера, за која се вели дека се случила на почетокот на 2000-тите.
Ребека Лус повторно проговори за нејзината наводна афера со славниот поранешен фудбалер Дејвид Бекам. Таа во „60 минути Австралија“ изјави дека отсекогаш ја зборувала вистината за наводната афера, за која се вели дека се случила на почетокот на 2000-тите.
„Ми рече дека никогаш порано не го направил тоа, дека сум му прва. Типични клишеа, но паднав на тоа“, рекла Лус.
Ребека Лус проговори за нивната наводна афера пред 20 години и рече дека таа не е единствената со која ја изневерувал сопругата Викторија Бекам.
„Мислам дека беше потребна голема храброст за да се спротивставам на нив (Дејвид и Викторија). Отсекогаш се држев до вистината, никогаш не сум претерувала, никогаш не сум лажела за ниту еден детаљ. Зошто? Затоа што се борам со најмоќната двојка во медиумите кои ги имаат сите пари на светот за најдобрите ПР-експерти и адвокати, а единственото нешто што јас го имам е вистината“.
Ребека истакнала дека за сè првпат проговорила во 2004 година, бидејќи сметала дека е „подобро овие приказни да потекнуваат од неа“.
„Тоа беше речиси еден начин да му се одмаздам… начинот на кој се однесуваше со мене не беше воопшто фер, се извлекуваше со сè, водеше двоен живот. Знаев колку му значи неговиот имиџ. Сакав и тој да почувствува малку болка“, додала таа, нагласувајќи дека ѝ е жал за Викторија.
Таа одлучила повторно да зборува за жешката тема откако го гледаше документарниот филм на Нетфликс од 2023 година за Дејвид Бекам, во кој тој и Викторија разговараат за споменатиот секс-скандал.
„Тоа е голем дел од мојот живот, голем дел од мојот животен пат. И ако некој се обиде да ме урне или да го извалка моето име, тогаш морам да се залагам за себе. Секогаш ќе се залагам за себе“, објаснила Ребека.
Аферата наводно се случила додека Бекам настапувал за шпанскиот клуб Реал Мадрид. Ребека во едно интервју во 2004 година тврдеше дека имале афера зад грбот на неговата сопруга Викторија, но фудбалерот негираше и продолжи со животот.