Поранешната сопруга на Трамп: Доналд редовно ги мие рацете, бургерите му се слабост
Ова е многу тешко време, стресно е – изјавила 71-годишната Ивана за магазинот „People“.
Поранешната сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп, Ивана Трамп, истакнала дека е видно загрижена за здравјето на својот поранешен сопруг, откако во јавноста се појави информацијата дека Доналд е позитивен на ковид-19.
– Ова е многу тешко време, стресно е – изјавила 71-годишната Ивана за магазинот „People“.
Таа исто така додала дека била шокирана со тоа што на нејзиниот поранешен сопруг му бил дијагностициран ковид-19, затоа што, како што рекла, Трамп имал страв од тоа и постојано се грижел за својата лична хигиена.
– Не е баш највнимателен кога станува збор за храната, но тоа е што е. Редовно ги мие рацете и секогаш е внимателен. Неговата најголема слабост е храната, најмногу сака биг мек бургери“ – навела поранешната сопруга на американскиот претседател.