Поранешната на Чарли Шин го изневерувала сопругот со колешката ФОТО

1,313

Афера го тресе семејството на славната актерка Дениз Ричардс. Имено, како што пишува „Дејли мејл“, Дениз го изневерувала својот сопруг Арон  Фиперс со колешката од реалното шоу „Вистинските домаќинки“, Бренди Гленвил.

Во сезоната која сѐ уште не е прикажана, ќе се разоткрие аферата на Дениз со Бренди која траела неколку месеци, тврди британскиот таблоид.






– Ја лажеше. Тврдеше дека е во отворен брак со сопругот, што воопшто не беше вистина и ја повреди Бренди, но и својот сопруг Арон – раскажал изворот.

Се шпекулира дека токму оваа афера е причината поради која Дениз престанала да учествува во снимањето на шоуто.

Освен по глумата, Дениз е позната и по турбулентниот брак со актерот Чарли Шин со кого беше во брак четири години.

Таа исто така, беше и една од девојките на Џејмс Бонд, во своите златни денови од актерската кариера. Дениз се појави во филмот „Светот не е доволен“ (The World Is Not Enough), покрај тогашниот агент 007, Пирс Броснан.

     

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Поврзани содржини