Поранешната го брани Џони Деп на суд: Тој е мил, љубезен и не е насилен

439

Француската пејачка и актерка Ванеса Паради (47) е поранешна партнерка на актерот Џони Деп (56) и со него има две деца, ќерката Лили-Роуз (20) и синот Џек Џон (18). По многуте обвинувања на сметка на Деп дека бил насилен и дека физички ја малтретирал својата поранешна сопруга Амбер Херд (34), Ванеса сега застана во одбрана на холивудската ѕвезда, пишува „Метро“.

Деп води судиска битка со Амбер, во негова корист сведочеше Ванеса. Деп исто така ги тужеше и британските весници за написите за неговото наводно злоставување, кои го нареко „злоставувач на жени“. Го застапува познатиот адвокат Дејвид Шерборн, кој рекол дека Деп раскинал со Ванеса кон крајот на 2012 година, и набргу потоа започнал врска со Амбер, и тогаш се појавиле првите гласини дека тој бил насилен.






– Го познавам Деп повеќе од 25 години. Бевме 14 заедно и израснавме две деца. Во текот на сите тие години Џони беше мил, внимателен, великодушен и никогаш не бил насилна личност ниту татко. Никогаш не бил насилен кон мене – тврди Ванеса.

И нивната ќерка Лили-Роуз застана во одбрана на татка си уште во 2016 година преку социјалните медиуми.

– Мојот татко е мила и сакана личност. Тој не беше ништо друго освен прекрасен татко кон мене и кон мојот помал брат. Сите што го познаваат би го рекле истото – вели Лили.

Најновото сослушување поврзано со овој случај беше оваа среда преку Скајп, а сведочеа повеќе поранешни партнерки на Деп. Актерот беше во врска и со актерката Винона Рајдер (48), која не може да верува за што се обвинува Џони.

– Никогаш, баш никогаш не бил насилен кон мене – рекла таа.

Датумот на следното рочиште сè уште не е закажано.

 

 

Поврзани содржини